Хотел Спорт

Хотел Спорт

Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан и бар.

Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија.                              

Хотелот Спорт обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година.

Ресторан и бар

Ресторан
Уште едно место каде што ќе бидете топло пречекани 

Во пријатниот ресторан, ви нудиме голем избор од исклучителни морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења. Ако не сте риболовец, но сепак уживате во се што доаѓа од морето, повелете.
Широк избор на јадења од земјата, подготвени за вас. Добра храна и вино за уживање во секое годишно време...

Бар
Место каде што можете да се опуштите. Придружете ни се во нашиот бар, во моментите на релаксација. Ќе имате можност да сретнете нови луѓе и да поминете квалитетно време со вашите пријатели.

Соби