MICE

MICE

Ако сакате да ги импресионирате и да ги инспирирате клиентите или вработените со посебен тим билдинг, конференција или настан, надвор од работното опкружување тогаш сте на вистинското место, со вистинскиот тим. Ние ќе ви помогнеме да создадете и организирате уникатен настан кој ќе биде прилагоден за вашите потреби и ќе ги надмине очекувањата на сите учесници.

Конференциска сала

Нашиот хотел е совршеното место за вашите бизнис настани.
Хотел Бистра нуди конференциска сала опремена со флипчарт, систем за проекција (проектор и платно), озвучување и ТВ. Нашиот ресторан со преубавиот поглед кон Мавровското езеро ви нуди интернационална кујна која ви стои на располагање за секој ваш настан организиран во хотелот. Истотака, Хотел Бистра ви нуди и аператив бар со топла и пријатна атмосфера покрај камин.

КАПАЦИТЕТ НА КОНФЕРЕНЦИСКАТА САЛА

U form - макс. 35 седишта
Theatre form - макс. 75 седишта
Boardroom form - макс. 30 седишта
Classroom form - макс. 50 седишта

Тим билдинг програми

Напорната работа, секојдневните предизвици и надградувањето на конкуренцијата се вистинските предизвици со кои вашите вработени секојдневно се соочуваат. Новите вработени имаат потешкотии да се запознаат и вклопат во веќе искусните тимови, а големите проекти го скратуваат времето за дружење и забава помеѓу сите колеги.

За таа цел, Ресорт Маврово ви нуди уникатна разновидност на активности и тим билдинг програми базирани на учење од искуство преку физички и умствени предизвици во природа. Учесниците кои се поделени по групи решаваат проблеми кои бараат тимска работа, комуникација и вештини стекнати од досегашната работа и искуство, каде донесувањето на одлуките зависи од самите нив.

Нашите програми се направени од професионални лица и нудат несекојдневна авантура која неможете да ја најдете на ниедно друго место. Ние ви нудиме:

  1. Адреналински спортски предизвици
  2. Авантуристички тимски игри
  3. Потрага по изгубеното богатство
  4. Игра на преживување
  5. Умствени загатки
  6. Водена авантура (кајак, суп даска, игри во вода)
  7. Мавровизија (караоке предизвик)
  8. Планинска тура со едукативен карактер
  9. Пикник на планина
  10. Јавање на коњи


Нашиот тим ви нуди целосна организација на вашиот тим билдинг од креирање според вашите желби и потреби до целосната изведба и логистика за истиот. Наша работа е да ги искреираме сите незборавни моменти, ваша е само да ги доживеете и раскажувате.

За повеќе информации околу горе наведените програми можете да побарате на Marketing@bistra.com.

 

Дискотека "Ратрак"

Забавувајте се во текот на целата вечер додека престојувате во нашиот ресорт во дискотеката Ратрак чиј амбиент нема да ве оддалечи од планинската идила. Имате можност вашата забава да ја збогатите со забава со бенд во живо или познат ДЈ. Ние ви нудиме и несекојдневна прилика за вашите вработени или соработници, да организирате тематска забава каде ќе велезете во светот на филмот, авантурата, минатото и иднината.

Тематските забава кои ви ги нудиме се:

КАЗИНО
МАВРОВИЗИЈА
ПИРАТСКА АВАНТУРА
ЗАБАВА ВО 80-тите
ФЛУРОЗАБАВА

Ручек на планинско бачило

Имајте незаборавно поминато време во планинските предели на планината Бистра, уживајќи во чистиот воздух и прекрасните предели опкружени со шарени шуми. После дневната прошетка, ручек во едно од најпознатите планински бачила во Маврово е момент кој ќе ви остане во спомените засекогаш. "Старо бачило" нуди уникатен ентериер, традиционални вкусни специјалитети, топлата ракија, греано вино и поглед кон Мавровското езеро кој никого не оставил рамнодушен. Возбудата и предизвикот на планината, авантурата и незаборавните моменти направени за време на престојот во ова бачило, пријателството на персоналот и другите прекрасни работи, ќе ги задоволат сите ваши сетила.

Hotel Bistra Logo

Lodge Logo

Sport Logo

Epinal Logo

LeGrand Logo